20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Хорор во Скопје: Прегазени две девојчиња

На 16.12.2017 година во 22.20 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.З. (36) од Скојпе, удрило во две 15-годишни девојчиња од Скопје.

Во незгодата, со повреди се здобиле двете девојчиња кои со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Кај едното девојче биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување, додека кај другото девојче биле констатирани телесни повреди и била упатена на Клиниката за уво, нос и грло при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.