17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шекеринска за „Гардијан“: Следната година за Македонија е клучна

Лидерите на новоформиранара Влада во Македонија предупредуваат дека напорите за промовирање на либералната политика на Балканот ќе бидат запрени доколку на Македонија не и биде понудена цврста можност за членство во НАТО и ЕУ следната година, пишува Гардијан во текстот под наслов „Македонија вели дека треба да се приклучи кон ЕУ за да го спречи авторитаризмот“.
Текстот пренесува цитати од интервјуто со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која одговара на прашањата за евроатлантските перспективи на Македонија и спорот со Грција околу името.
„Следната година е клучна. Треба да покажеме дека има развој. Луѓето не очекуваат се да биде решено утре, но очекуваат напредок бидејќи бевме заглавени 10 години. Она што ќе се случи ќе создаде или инспирација, или фрустрација низ целиот Балкан“, вели Шекеринска.
Министерката додава дека владата сака да најде решение на 26 годишниот спор со Грција за името, а повеќето од луѓето ќе прифатат пристоен и рационален компромис, се додека се уверени дека решението ги отвора перспективите за иднината и не го загрозува нашиот идентитет, гордост или етничките карактеристики.
„За да има одржливо решение, ние мора да потврдиме пред нашите граѓани дека нашите цели за членство во ЕУ и НАТО се реалистични“, вели министерката и додава дека Македонија сака решение кое нема да им наштети на грчките интереси, но нема ни да го загрози македонскиот идентитет.
Шекеринска вели дека за танго се потребни двајца, па оттука власта се надева дека грчката страна ќе биде еднакво посветена.