20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел ја затвори границата кон Газа, судирот се разгорува

Израел денеска го затвори граничниот премин кон појасот Газа, како одговор на секојдневните ракетни напади од оваа енклава, кои уследија по одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата недела да го признае Ерусалим како главен град на Израел.
https://www.youtube.com/watch?v=ZJfnGHJwiyo
Рано утрово израелските авиони бомбардираа три позиции на Хамас, милитантната група која го контролира појасот Газа, како резултат на последните ракетни напади, објави израелската армија.
Според војската, цел на бомбардирањето биле кампови за обука и складишта за оружје.
Две ракети острелани од Газа беа пресретнати од израелскиот противракетен систем „Купола“, а третата паднала во ненаселена област. Во моментов нема извештаи за жртви на двете страни на границата.
Минатонеделната одлука на американскиот претседател да го признае Ерусалим како главен израелски град предизвика нов бран насилство помеѓу Палестинците и Израелците и беше причина за серија протести во многу муслимански земји.