7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Патници минале цели осум часа во авион кој стоел во место

Многу малку луѓе ќе се согласат дека патувањето со авион е забавно искуство, но за патниците на компанијата „Бритиш ервејс“ истото се покажало и како страшно губење време.
Имено, авионот кој во вторникот летал од Берлин кон Лондон поради лошите временски услови по некое време се свртел и се вратил кон почетната точка.
Околу 180 патници на летот BA983 биле принудени да чекаат пет часа за снежната бура да се смири, пред авионот марка „ербас А320“ да се упати кон Велика Британија.
Сепак, тоа не било крај на нивните маки.
Имено, поради снежните наноси, авионот не можел да слета на аеродромот „Хитроу“, па продолжил кон аеродромот во Борнумут, кој се наоѓа на 145 километри оддалеченост.
По слетувањето, околу 100 патници минале уште три часа во нивните седишта, додека компанијата не одлучила што да прави со нив.
За тоа време, на патниците им бил забранет пристап до количките со храна и топли пијалаци, биле заклучени во кабината, а персоналот не им дозволил да излезат.
Единствено до што имале пристап била вода од чешма.
На планираната дестинација луѓето пристигнале со повеќе од девет часа задоцнување.
Спонзорирано: