Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

„Македонски енергетски ресурси“ доби одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Република Македонија на денешната 127. седница, со која претседаваше претседателката Елизабета Чингаровска, на Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ – Скопје му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.
Како што информираат од КХВ, станува збор за 10.390 обични акции во вкупен износ од 1.039.000 евра.
Оваа петта емисија на обични акции се врши со влогови за зголемување на основната главнина на Друштвото заради создавање услови за непречено функционирање.
Емисијата на акции е наменета за познат купувач, односно за постојниот единствен акционер – Владата на Република Македонија како институционален инвеститор.