Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Најмоќниот еликсир за зимските денови – лечи анемија, импотенција, главоболка, чир…

Овој рецепт ќе ви помогне кај многу здравствени тегоби!

За подготовка ви се потребни: половина килограм квалитетен ливадски мед, половина килограм мелени ореви и еден лимон.

Состојките треба да ги измешате во тегла во која ќе го чувате лекот додека не го потрошите. Лекот се зема на секои три до четири часа.

Медот и оревите лечат импотенција, анемија, главоболка, чир на желудникот и уште многу болести…

Докажано е дека комбинацијата од ореви и мед е јака како и некои најмоќни фармацевтски препарати.

Комбинацијата од мед и ореви на нашиот организам му ги обезбедува неопходните витамини, минерали, белковини, масти, јаглехидрати…

Еве и неколку рецепти за домашни лекови од мед и ореви:

Природен лек против анемија

Подгответе смеса од половина килограм мед и половина килограм мелени ореви и сок од еден лимон. Сè заедно измешајте и земјате три пати дневно по една лажица. Медот со ореви е добар за опоравување на исцрпени и анемични лица.

Природен лек за висок крвен притисок

Кај проблемите со висок крвен притисок се препорачува секојдневно консумирање мед и ореви во нормални количини во период од 45 дена.

Природен лек за главоболка

Не само што е многу вкусен, медот со ореви е и докажан лек за главоболка и несоница.

Мед и ореви ги ублажуваат симптомите на чир на желудникот

За овој проблем потребно е да подготвите млеко од ореви со мед. Подготовката е многу едноставна: 20 гр мелени ореви се мешаат со врела вода, се протресува и се процедува. Во млекото се додаваат 2 лажици мед и се зема половина час пред секое јадење по 2-3 лажици.

Комбинацијата од мед и ореви е добра кај импотенција

Помага со овој рецепт: мелени ореви се мешаат со мед во ист размер. Се конумира по две лажици 2-3 пати на ден, половна час пред јадење.