17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Пентагон: Трансродовите лица може да одат во војска

На трансродовите лица ќе им биде дозволено да се придружат на американската војска од 1 јануари, соопшти денеска Пентагон, наспроти барањето на Трамп, кој не го одобрува тоа. Тројца судии ја одбија одлуката на американскиот претседател за забрана на регрутирање трансродови лица.

Трамп претходно оваа година најави дека планира да го спречи процесот почнат во 2016 година, со кој им се дозволува на трансродовите лица отворено да служат војска.

Трамп рече дека ќе нареди враќање на политиката пред јуни 2016 година, според која војниците можеа да бидат отпуштени од војска доколку се трансродови лица.