Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Грабар Китаровиќ: Агресорот не беше Хрватска туку Србија на Милошевиќ

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, изјави дека Хрватска не била агресор во војната во 90-тите и дека нејзина цел било да се одбрани од Србија на Милошевиќ.

„Како претседателка на Хрватска јасно и недвосмислено порачувам дека вчера во Хаг не им се искажуваше пресуда на Хрватска ни на хрватскиот народ. Хрватска не е агресот и направи најмногу за опстанокот и целовитоста на Босна и Херцеговина, а хрватскиот народ прв се спротивстави на големосрпската агресија бранејќи ја својата независност“, истакна Грабар по хашката пресуда за воените лидери на босанските Хрвати.

Претседателката изрази сочувство на семејството на Слободан Праљак, кој по изрекувањето на конечната пресуда во судницата испи отров, а подоцна и умре. Додаде дека нема да му ги одзеде медалите бидејќи ги добил за „одбрана од големосрпската агресија“.

Таа најави дека во најскоро време ќе ја посети БиХ и ги повика сите да се свртат кон иднината.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе