20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Одбиени жалбите на Сашо Василевски и Љупчо Димовски – првиот останува во притвор, вториот во домашен притвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи да ги одбие жалбите на пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски за отфрлање на мерката притвор, односно домашен притвор.

„Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка за определување мерка притвор против за С.В. и мерка куќен притвор за Љ.Д., опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на Р.М.,Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по одржана седница, донесе решение со кое ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка“, известија од судот.

Димовски и Василевски беа приведени во врска со настаните во Собранието на РМ на 27 април годинава. Василевски е во притвор во Шутка, а Димовски во куќен притвор, откако Собранието им го одзеде имунитетот.