4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Итна имиграциска реформа

Нападот во Њујорк, извршен со рачно направена бомба од страна на маж од Бангладеш, покажува дека Конгресот итно треба да донесе закон за имиграциска реформа, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој наведе дека осомничениот за нападот влегол во САД на основа на семејна имиграциска виза, користејќи ја американската политика позната како семејна миграција, за која американскиот претседател заклучи дека „не е во согласност со националната безбедност“.

Претходно и портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс, рече дека експлозијата на бомбата во њујоршката подземна железница покажува потреба за „имиграциска реформа“ и наведе дека Конгресот треба да соработува со Трамп, истакнувајќи ја потребата за „заштита на американските граници“.

Комесарот на њујоршката полиција, Џејмс О’Нил, соопшти дека експлозијата во подземната железница е поврзана со тероризам.

Безбедносните органи посочуваат дека извршителот нашол инспирација во терористичката група Исламска држава, но дека нема докази за директен контакт со таа група.