9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг останува на чело на НАТО до 2020 година

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе остане на функцијата уште две години откако неговиот мандат беше продолжен денес.

НАТО објави дека членките се согласиле оти поранешниот норвешки премиер треба да остане генерален секретар на Алијансата до 30 септември 2020 година.

Во соопштението се наведува дека членовите „му честитаат на генералниот секретар и имаат целосна доверба во неговата способност да ја продолжи посветената работа за приспособување кон безбедносните предизвици на Алијансата во 21 век“.

Минатата недела Германија го поддржа новиот мандат за Столтенберг.

Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен, рече дека Столтенберг има „целосна поддршка од Германија“ и додаде дека досега „направил одлична работа во модернизирањето на НАТО и прилагодувањето на неговите структури на изменетата безбедносна ситуација“.

Спонзорирано: