5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чадот од големите пожари ги гуши елитните населби во Калифорнија

Десетици илјади луѓе се евакуирани од своите домови поради пожарот кој ги зафати местата во близина на Санта Барбара, Калифорнија. Поради чадот кој се шири во воздухот, евакуирани се и жители на области кои не добиле наредби за тоа, поради страв од ново затворање на патиштата што привремено беа блокирани минатата недела.

Оние кои останале во Монтесито, ексклузивна населба на околу 120 километри северозападно од Лос Анџелес, од локалните власти добиле маски за дишење. Меѓу жителите на оваа населба се добро познати личности како водителката Опра Винфри, актерката Дру Баримор и актерот Џеф Бриџис.

Во понеделникот беше објавено дека нова евакуација била наредена за жителите на делови од градовите Карпинтер и Монтесито. Досега речиси 63.000 хектари земјиште се уништени од пожарите, опожарени се околу 1.000 куќи, а повеќе од 90.000 објекти немаат електрична енергија. За ширање на пожарот придонесуваат и силните ветрови.

Досега околу 200.000 луѓе биле евакуирани поради пламените јазици, а единствената жртва која се припишува на пожарот е 70-годишната жена, која загинала во сообраќајна несреќа додека бегала од огнената стихија.