23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лоша вест за учениците: Се готви одлука да се забранат мобилни телефони во училиштата!

Француската влада најави забрана за мобилни телефони за учениците во основните училишта. Всушност, децата ќе може да ги носат своите мобилни уреди на училиште, но нема да можат да ги користат додека не заврши наставата, дури ни за време на паузата.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, даде предлог за забрана на мобилните телефони во својата предизборна кампања во април.

Тамошниот министер за образование, Жан-Мишел Бланкер, рече дека забраната ќе стапи на сила на почетокот на следната учебна година во септември 2018 година. Таа ќе важи за сите ученици од 6 до 15 години.

„Понекогаш ви треба мобилен телефон… Тоа се итни ситуации, но нивната употреба мора да биде некако контролирана“, изјави неодамна министерот. Тој воедно го опиша овој потег како „порака за јавното здравје насочена кон семејствата“, додавајќи: „Добро е што децата нема да бидат често пред екраните на мобилните уреди“.

Сепак, наставниците и родителите се скептични во врска со ова решение.

„Дали ќе ги претвориме училиштата во ормари? Направив мала пресметка: 5.300 државни училишта со околу 500 ученици во секое, тоа се околу 3 милиони ормари“, вели Филип Винсент од синдикатот за образование.

„Како ќе се подготви секое училиште? И како ќе осигура дека децата ќе ги добијат назад своите уреди на крајот на наставата?“, прашува Жерар Помери, претседател на Здружението на родители на ученици во јавни училишта.

Спонзорирано: