И утре ќе преовладува облачно време, околу пладне и попладне со врнежи од дожд, а на планините со снег.
Повеќе врнежи ќе има во западните делови (локално околу 25 л/м2 воден талог).
Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот во недела врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно и во пониските места во крајните северни и источни делови од земјава.
На планините во северозападните делови висината на снежната покривка ќе се зголеми, а на повисоките места ќе се формира помала снежна покривка.
Во понеделник наутро се уште ќе има провејување на слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер.