24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Шестгодишна Британка двапати го освои Килиманџаро

Шестгодишната Британка Ешлин Мендрик е најмладата личност во женска конкуренција која неодамна го освои врвот Килиманџаро, а подвигот го повторила по две недели, тргнувајќи од друга рута.

Ешлин ги воодушевила и поискусните планинари, одбивајќи да ја носат или да ѝ помогнат со опремата, додека без ничија помош се искачувала на врвот на африканската планина, висока 5895 метри, пишува „Дејли мејл“.

Познато е дека до врвот Ухуру стигнуваат само две третини од оние кои тргнуваат кон него. Девојчето толку многу уживало во искачувањето, што по две недели повторно одлучило да се искачи на највисокиот танзаниски врв, но по друга рута, овој пат придружувана со ледени температури и силен ветер.

Ешли се надева дека еден ден ќе го освои и Монт Еверест, а за ова искачување ѝ била потребно посебна дозвола од танзаниските власти, зошто вообичаена долна возрасна граница е 10 години.

Девојчето во експедицијата тргнало во придружба на нејзината мајка Викторија и 11-годишниот брат Николас. Првиот пат до врвот се искачила на 29 октомври, а вториот на 13 ноември. Првото искачување траело шест дена, а второто само пет.

Најмладата личност што се искачила на Килиманџаро е Колтон Танер од Ново Мексико. Тој минатата година го освои врвот на шест години и еден месец. Тогаш бил само неколку месеци помлад од Ешлин, која сега го држи рекордот во женска конкуренција./Makfax