23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исламската заедница сака големи џамии во секоја покраина во Австрија

Претседателот на Исламската верска заедница во Австрија (ИГГО), Имит Вурал, сака голема џамија во секоја австриска покраина.

„Во сите покраини, ИГГО треба да има џамија со седиште на верската заедница“, рече тој во интервју за виенскиот весник „Пресе“.

Тој истакна дека другите верски заедници во покраините имаат свои цркви или синагоги и дека нема причина покраините да немаат и џамии.

Наместо две мали џамии во непосредна близина, Вурал смета дека треба да се гради голема џамија.

За разлика од поранешниот претседател на ИГГО, Анес Шакфе, кој ја разбранува јавноста во 2010 година, Вурал вели дека минарињата во тие џамии не би биле задолжителни.

Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Норберт Хофер, го осуди барањето на ИГГО и рече дека станува збор за „притаена исламизација“ на Австрија.

„Ние мора силно да се спротивставиме на овој тренд. Исламот не е дел од нашата историја, нашата култура и никогаш нема да биде “, истакна Хофер./Makfax

Спонзорирано: