10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Швајцарски весник прашува како Харадинај стекнал толку големо богатство

Швајцарскиот весник „Ноје цирхер цајтунг“ објави текст во кој пишува за материјалната состојба на косовскиот преимер Рамуш Харадинај и прашува од каде премиерот поседува толку големо богатство.

„Харадинај тивко ја прослави Новата година со сопругата, трите деца и внукот во Швајцарија, и тоа ни помалку ни повеќе, туку во хотелот „Карлтон“ во Сент Мориц. Пред војната Харадинај работеше како вратар од ноќен клуб во Романија, сега за една ноќ го резервира царскиот апартман за 5.000 франци, а целата прослава наводно чинела околу 80.000 франци“, пишува весникот.

„Ноје цирхер цајтунг“ потсетува дека Харадинај си ја зголеми премиерската плата и стана најдобро платен премиер на Балканот, што предизвика протести во Косово.

Спонзорирано: