10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наумовски: Предлозите на Нимиц се далеку од едно достоинствено решение

Македонскиот претставник во разговорите за името, амбасадорот Васко Наумовски, по последната рунда разговори во Њујорк изјави дека предлозите изнесени од медијаторот Метју Нимиц се далеку од достоинствено решение. Според него, рамката за разговорите е дадена во Резолуцијата 817 на Советот за безбедност, а тоа е да се надмине разликата околу името. Тој вели дека ниту една држава нема право да ѝ наметне на друга држава некакво ново име, ниту, пак, ОН имаат право да наметнат ново име на нејзина држава членка.

„Нашата држава има име, тоа е Република Македонија, името што е во основата на нашиот идентитет. Исто така, денеска во 2018 година никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Од страна на медијаторот денеска беа презентирани некои идеи за коишто сметам дека излегуваат од оваа рамка и дека се далеку од едно достоинствено решение, но, сепак, овие предлози ќе бидат презентирани пред државно-политичкиот врв и тој ќе може да заземе став по ова прашање“, вели Наумовски.

Тој не е голем оптимист за резултатот од преговорите. „Оптимизмот е секогаш корисен, но за да се биде голем оптимист треба да има основа за тоа. Имајќи предвид што се слушнавме како изјава од грчките официјални лица, сè она што што беше презентирано во рамките на овие разговори, вклучително и ова денесka не ни дава простор да бидеме големи оптимисти“, вели амбасадорот Наумовски.

Спонзорирано: