Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска ќе пристигне во Охрид каде што ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.
На средбите, Помпео уште еднаш ќе истакне дека Договорот од Преспа е исклучителен и храбар чекор на лидерите на Северна Македонија и на Грција за стабилизација и просперитет на регионот и за влез на земјата во НАТО и во ЕУ, а ќе стане збор и за безбедноста и можностите за економски развој на Северна Македонија.
Помпео ќе ја посети и црквата „Света Богородица Перивлепта”, што беше реновирана и конзервирана со средства обезбедени преку УСАИД, односно од американските даночни обврзници.
Помпео е втор државен секретар на САД што ја посетува нашата земја, по Колин Пауел во 2001 година.
Помпео во рамки на неговата турнеја во регионот, го посети Ватикан, денеска е и во Црна Гора, а од Северна Македонија заминува во Грција./Makfax