8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германка ја чувала својата ќерка во кутија за кучиња и ѝ ставала електричен околувратник

Покраинскиот суд во Хановер ја осуди 44-годишната болничарка Андреа К. на две и пол години затвор под обвинение дека физички ја малтретирала својата најстара ќерка во период од една цела година.

Судот ја прифати валидноста на доказите дека Андреа К. употребила насилни методи за воспитување на нејзината ќерка, која сега има 9 години. Така, откриено е дека во три наврати го чувала девојчето заклучено во кутија за пренос за кучиња, и’ ставала електричен ремен околу вратот и ја изложувала на струјни удари, а исто така девојчето го носела во шума каде го терала по чорапи да трча по автомобилот, објави германски „Билд“.

Државниот правобранител побара казна затвор од пет години, а судијата Штефан Локе ја коментираше одлуката на покраинскиот суд да изрече помала казна од две и пол години затвор: „Долго размислувавме каква одлука да донесеме за овој случај, но да се одреди соодветна казна за родител кој го злоупотребува своето дете е речиси невозможно“.

И покрај душевната болка која ја претрпело девојчето, судот не утврдил дека Андреа К. намерно го злоупотребила своето дете и заклучил дека нејзините дела се само претерани воспитувачки методи.

„Пресудата може и требаше да биде поинаква“, изјавиле од канцеларијата на државниот правобранител.

„Девојчето ќе мора да оди на терапии една година, а последиците од злоупотребата што ја претрпело веројатно ќе ги чувствува целиот живот“, додале од таму.

Андреа К. првично ги негираше обвинувањата, но на крајот се изјаснила за виновна со зборовите: „Признавам дека погрешив“./Makfax

Спонзорирано: