Русин (32) одлучил да украде 60 шишиња вотка на неверојатен начин! Имено, овој Русин ископал тунел до продавницата и влегол низ дупка во подот.
За време на грабежот, алармот се вклучувал три пати и секој пат кога обезбедувањето доаѓало на местото на грабежот, таму немало никого.
Никому не му паднало напамет дека човекот ископал тунел и дека токму на тој начин изнел толкав број шишиња алкохолен пијалак.
Полицијата набрзо утврдила дека под продавницата постои тунел.
Во оваа „акција“ на крадецот му помагале брат му и еден пријател, кои биле уапсени заедно со него додека пиеле вотка во близина на продавницата.
Спонзорирано: