Куќа готова за само шест часа која чини помалку од 29.000 евра – дали е ова можно?
Ова е можеби иднината на градењето нови домови – се работи за брза и лесна изградба на нов простор за живеење, а според потребите, куќата може да се преместува.
Зад оваа неверојатна иновација стои комапанија од Италија, а нејзин креатор е познатиот архитект Ренато Видал.
Три лица можат да ја состават куќата за 6-7 часа, а во зависност од квадратурата цената варира од 29.000 евра за 27 квадратни метри до 62.000 евра за 84 квадратни метри.
Објектот е отпорен на земјотрес, има соларни плочи, ЛЕД осветлување…
Спонзорирано: