Времето денеска ќе биде умерено облачно со магла по котлините. Во крајните западни делови можни се слаби врнежи од дожд, на планините слаб снег кои ќе ги има и преку ноќта кон недела. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11 степени, информира УХМР.
Во Скопје, наутро со услови за појава на магла, а преку денот променливо облачно. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 3 степени.
Најмногу снег има во Маврово, каде снежната покривка е 52 сантиметри, потоа во Лазарополе – 29 сантиметри, Дебар – 27, 26 во Крушево и 25 во Битола.
Најстудено е во Берово каде утрово се измерени -8 степени, потоа -6 Тетово и Битола, -5 Скопје Петровец, -4 Скопје З. Рид, Куманово, -3 Прилеп, Д. Капија, Струмица, -2 Штип, -1 Крива Паланка, 0 Пожаране, Маврово, Лазарополе, Претор, Виница, Гевгелија, Крушево, 1 Тополчани, Ѓуриште, 2 Охрид, Дојран.
Во следните денови ќе има зголемена облачност и услови за појава на магла по котлините. До недела во западните и јужните делови од земјава во пониските места ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи, на пониските места од дожд и снег, а на планините од снег ќе има од вторник.