ВМРО-ДПМНЕ, предводена од антизападниот Христијан Мицкоски, продолжува со деструкциите преку кои работи спротивно на интересите на граѓаните и државата, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против концептот едно општество за сите, концепт што граѓаните силно го поддржаа на последните неколку избори.
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ, позната по 11-годишното криминално владеење и беззаконие, денес, повторно повикува на непочитување на законите во државата.
Шефот на Мицкоски од Будимпешта сè уште дава насоки, а Мицкоски ревносно ги следи и дејствува на штета на државата и граѓаните.
Иако по секоја цена се обидуваа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успееја да го блокираат членството во ЕУ и НАТО. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат да ги блокираат напредокот и градењето еднакво општество на еднакви граѓани.
Волјата на граѓаните, правата на граѓаните и законите, мора да бидат почитувани од секого“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Законот за употреба на јазиците, додаваат од партијата, е во согласност со Уставот и е сериозен придонес во градењето на концептот едно општество за сите граѓани.