Министрите на денешната владина седница донесоа одлука за основање на Јавното претпријатие „Колекторски систем“. Примарната дејност на јавното претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување отпадни води преку канализациски системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.
Јавното претпријатие исто така ќе врши и планирање, изградба, реконструкција и рехабилитација на колекторскиот систем. Средствата за основање на ЈП „Колекторски систем“ во висина од 5 милиони се обезбедени од сметката на Владата на Република Македонија.
Спонзорирано: