Денес времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни претпладне во источните делови каде локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.
До сабота времето ќе биде стабилно и суво со појава на магла по котлините, информираат од УХМР.
Од недела се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.