9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев “растура” во анкетите – тројна предност пред Мицкоски

Премиерот Зоран Заев е најпопуларен лидер со поддршка од над 21 отсто од граѓаните кои се изјасниле дека имаат доверба во него.

Три пати повеќе или 14 процентни поени повеќе од Христијан Мицкоски, за кој се произнеле само 7,4 отсто од граѓаните. 7

На бегалецот Груевски му веруваат само 2,7 отсто од испитаниците на анкетата на Телма и МЦМС, што ја направи агенцијата М-проспект.

Следен после Мицкоски е Иванов со 6,12 отсто поддршка, по него Ахмети со 5,7, а петти е претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со 3,8 отсто поддршка.