Многумина можеби не знаат, но црните маслинки се всушност само – зрели или презрели зелени маслинки. Тие се берат во ноември и декември, за разлика од зелените кои се берат барем месец или два порано.
Што подолго маслинката зрее, нејзината боја се менува: од зелена до рубин црвена, а потоа на ред доаѓаат темните тонови виолетова боја, односно она што на крај го нарекуваме – црна маслинка.
Зелените маслинки имаат покомпактно и посочно месо, а по вкус се посвежи и некако послатки. Црвенкастите се набрани токму во моментот на зреење, а црните би можеле да се наречат презрели.
Што потемни се маслинките, тоа и месото им е помеко, а вкусот поинтензивен и погорчлив. Црните маслинки даваат масло со златна боја, со нешто помала горчина, но самиот плод, кој веќе созреал, има помалку антиоксиданси.
Маслинките, и зелените и црните, содржат бројни антиоксиданси. Некои истражувања потврдиле дека имаат и својства кои спречуваат развој на одредени видови тумор.
Имаат многу витамини, особено витамин Е, но и материи кои го чуваат крвниот систем.