9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

БРЗ И ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ: Залаци растопено чоколадо во неодоливи колачи

Американските колачиња со парчиња темно чоколадо се како создадени за љубителите на малку посилни вкусови.

Состојки:

2 јајца
5 лажици млеко
100 гр шеќер
125 гр путер
200 гр горко чоколадо за готвење
5 полни лажици какао
250 гр брашно
1 кесичка прашок за печиво
Начин на подготовка:

Разматете ги белките, па додајте жолчки, потоа ставете шеќер и додајте млеко. Исечете путер на парчиња па додавајте путер и брашно наизменично, додека тестото не стане густо. Додајте какао. Чоколадото исечкајте го на коцки и парчиња и додајте го во тестото. Разматете со лажица.

Рерната загрејте ја на 200 степени. На плех ставете хартија за печење и на неа редете дел по дел од тестото со супена лажица. Колачињата се печат околу 13 минути. Прободете го тестото со лажичка, ако на неа не остане тесто, колачињата се готови.

Послужете со млеко и уживајте!

Спонзорирано: