Околу 200.000 луѓе, вклучувајќи ги полските лидери и националистички групи, маршираа низ Варшава во неделата за да ја одбележат 100-годишнината од независноста на Полска.
Ваквиот марш веќе некое време е тема на дебата за тоа дали владејачката партија ги поттикнува фашистичките групи и антисемитските движења. Владините функционери се движеа на одредена оддалеченост од главниот марш и националистите.
На неколку стотици метри зад нив учесниците во маршот носеа транспаренти со напис „Бог, чест, татковина“, а некои извикуваа: „Гордост, гордост, национална гордост“ и „Полска треба да биде на народот, а не црвена или во боите на виножитото“ алудирајќи на знамето на Советскиот Сојуз и знамето на геј-заедницата.
Пред почетокот на маршот претседателот на Полска, кој е поддржувач на владејачката партија, им се заблагодари на оние што го вееја знамето на земјата велејќи дека нивните предци ги дале своите животи за тоа знаме.