18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Газа бара одмазда по смртоносниот израелски контратерористички напад

Извикувајќи „одмазда” и опколени од маскирани вооружени лица во камуфлажна облека, илјадници ожалостени лица во Појасот Газа во понеделникот погребаа седум палестински милитанти загинати во нападот на Израел додека владејачкиот Хамас вршеше трескавична безбедносна чистка на целата територија, пренесува „Брејтбарт“.

Од Хамас велат дека израелските сили влегле тајно во Газа во цивилно возило доцна во неделата и размениле оган со борците на Хамас. Во судирите беше убиен израелски полковник што ги поттикна израелските воздушни напади и ракетниот оган од Газа кон Израел.

Прекуграничните борби се случуваат само неколку дена откако Израел и Хамас постигнаа индиректна спогодба, поддржана од Катар и од Египет, да дозволат пари и гориво за Газа.

Не е јасно дали избивањето на насилството, кое се смири рано утрово, ќе ги попречи напорите за постигнување договор.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, ја прекина посетата на Париз поради разгорувањето на судирите и се врати во Израел на консултации со највисоките безбедносни служби.

Во Газа, властите на Хамас ги засилија безбедносните мерки по инцидентот, распоредувајќи контролни пунктови низ целата територија и го откажа неделниот протест во северозападниот дел на Газа по должината на границата со Израел. Организаторите изјавија дека протестот е одложен поради тековната безбедносна ситуација.

Спонзорирано: