12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полициските кордони се повлекуваат од центарот на Лондон

Лондонската полиција преку „Твитер“ изјави дека сомнителното возило што беше забележано на левиот брег на реката Темза, во центарот на Лондон, е истражено и утврдено е дека немало ништо сомнително.

По спроведената акција, полицискиот кордон почна да се повлекува од центарот.

„Денес, полицијата во пладневните часови го забележа напуштеното возило во Воксхал и по спроведената истрага, заклучивме дека возилото не е сомнително. Кордоните се повлекуваат“, објавија од полицијата.

Претходно, „Ројтерс“ објави дека полицијата го блокирала главниот пат во Воксхал во центарот на Лондон за да го испита напуштеното возило.

Беше објавено дека портпаролот на полицијата објавил дека полициските службеници го испитуваат потенцијално сомнителниот автомобил на левиот брег на реката Темза.

Агенцијата потсети и дека во Велика Британија во сила е второто највисоко ниво на заштита од безбедносни закани по неколкуте напади извршени во таа земја минатата година.

Спонзорирано: