Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер регистриран е пополденво во 17:10 часот во Албанија.
Потресот бил на длабочина од два километра, а епицентарот е на шест километри од градот Елбасан.
Потресот е почувствуван во Тирана, Прењас, Либраж и други делови на централна Албанија.
Освен вознемиреност кај граѓаните нема информации за материјална штета.
Поради близината земјотресот со послаб интензитет е почувствуван во Дебар и Струга.
Спонзорирано: