Денес ќе има повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни (над 35 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во некои од повисоките места од дожд и снег.
Во недела во утринските часови на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониска дневна температура.
Прогноза за 30.11.2025
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 01.12.2025
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 14°C
Променливо облачно и претежно тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Прогноза за 02.12.2025
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


