Одлуката по барање на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски од Грција во Македонија ќе биде соопштена денеска во Судот во Солун.
Адвокатите на Грујевски и Бошковски на рочиштето во средата, кое било прекинато, побарале тие да не бидат екстрадирани во Македонија со објаснување дека тука ќе немаат фер судење, а животите би можеле да им бидат загрозени.
Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун.
Двајцата се обвинети од СЈО за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, а беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Спонзорирано: