14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите најавуваат сончево и студено време, но од понеделник следува пресврт

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието, информира УХМР. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 1 до 7 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 5 степени.
Утре ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно и суво време, од понеделник со значителен пораст на дневните температури.