24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Забраните за пластика треба подобро да се планираат и имплементираат, велат од ОН

Обединетите Нации изјавија дека владините забрани за пластика можат да бидат ефективни во намалувањето на отпадот, но лошото планирање и лошата имплементација направија многу такви забрани неефикасни.

Извештајот, кој беше објавен во вторникот на Светскиот ден на животната средина на ОН, вели дека правилата што ја ограничуваат употребата на пластични кеси ја намалија нивната употреба на места како Мароко, Руанда и делови од Кина, понекогаш дури и значително. Но, на други места работите не се движат во таа насока.

Забраната за пластика за еднократна употреба во Њу Делхи, на пример, имала само ограничено влијание. Градот постојано се обидувал во изминатата деценија да ја забрани употребата на тенките пластични кеси, но тие и понатаму се користат. На другите места во Индија, вклучувајќи ги и државите Сиким и Химачал Прадеш, овие правила генерираат подобри резултати.

Спонзорирано: