21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Досега успеавме да го зачуваме мирот, но Албанците стануваат сè понервозни

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не е оптимист во врска со претстојните разговори со Приштина во Брисел, но рекол дека Белград нема да се откаже од дијалогот затоа што, според него, разговорот е единствено решение.

„Ни претстојат разговори во Брисел. Не сум оптимист, но Србите ќе вложат напори да се дојде до компромис“, изјавил Вучиќ. Тој рекол дека е загрижен поради сè почестите напади на Србите на Косово и Метохија во изминатите денови додавајќи дека станува збор за кампања за заплашување на српскиот народ за која, како што рече, не знае дали ја наредил некој локален или повисок функционер.

„Досега успеавме да ги зачуваме мирот и стабилноста, но тоа станува сè потешко затоа што Албанците стануваат сè понервозни“, рекол Вучиќ.

Спонзорирано: