Најмалку пет луѓе се повредени кога автомобил влетал во група пешаци во Манчестер, објави „Скај њуз“. Возилото кое налетало на пешаците во Трафорд Парк не застанало и во тек е потрага по него.
Полицијата соопштила дека засега нема докази дека инцидентот е поврзан со тероризам. Во соопштението на полицијата се наведува дека итните служби и припадниците на полицијата биле на местото на настанот.
Во тек е истрага за инцидентот.