7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Холандија се сомнева и во Украина за соборувањето на малезискиот авион

Холандија не ја отфрла можноста Киев да е одговорен за падот на малезискиот авион МХ-17 во источна Украина во 2014 година, изјави холандскиот министер за надворешни работи, Штеф Блок. Таа опција отанува на маса, и покрај тоа што за неа Холандија нема правна основа, рекол Блок.

„Сè уште е рано да се прават чекори во тој правец, Сепак, не ја отфрлам таа варијанта“, рекол Блок.

Холандскиот министер рекол дека Москва им дала на холандските истражители доста докази кои укажуваат дека украинскиот систем „бук“ е користен за одбрана на авиони.

Малезискиот авион МХ-17, кој леташе на линијата Амстердам-Куала Лумпур, беше соборен на 17 јули 2014 година и тогаш загинаа 283 патници и 15 членови на екипажот.
Меѓународните истражители соопштија на 24 мај дека за соборувањето на авионот била користена ракета од системот „бук“, која ја користи руската војска.

Спонзорирано: