24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски секој ден е меѓу граѓаните: Тука сме да ги слушнеме граѓаните, нашите сопартијци, поддржувачи – нашата земја чекори напред

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, периодов остварува интензивни посети на општинските организации на партијата, учествува на отворени средби со граѓаните како и на средби со членовите и симпатизерите на СДСМ.

На средбите се разговара за досегашното спроведување на мерките од Планот за живот, за политиките кои обезбедуваат раст на економијата и повисоки плати, за потребите и очекувањата на граѓаните, актуелните политички состојби, но и за предизвиците пред коишто е соочена Македонија во овој период.

-Вчерашниот ден го за­вршивме во Долнени. Доцна, но, вредеше секој час, секој моме­нт. Тука сме да ги слушнеме граѓаните, нашите сопартијци, по­ддржувачи.

-Заедно ра­зговараме за предизв­иците со коишто се соочува Македонија, за промените, за поли­тиките што обезбедув­аат живот за сите. После долги години ст­агнација и осиромашу­вање на граѓаните на­шата земја зачекори напред и враќање наз­ад нема.

-Продолжуваме заедно. Градиме ед­но општество за сите! – изјави Кирацовски во Долнени.

На средбите со граѓаните, раководството на партијата разговара спроведувањето на политиките за подобрување на животот на граѓаните, особено во делот на економијата и животниот стандард како и за процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО и обезбедување сигурна и стабилна иднина за сите.

Спонзорирано: