17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Службеник од универзитет во Турција уапсен поради наводно учество во пуч

Вработен во Турската воената академија, која беше основана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, со цел да направи „чистка“ во воените сили по задушениот пуч, беше уапсен поради сомневање дека учествувал во организација на истиот, извести весникот „Џумхурије“т.

Полковникот Кадир Атакан од Државниот универзитет за безбедност беше официјално уапсен две недели откако беше приведен, пренесоа турските медиуми. Тој беше директор во секторот на организација во школата, која сè уште не работи со полна пареа.

Универзитет беше основан по наредба на Ердоган по пучот во јули 2016, кога група војници со помош на тенкови и воени авиони се обидоа да преземат контрола врз власта. Школата се отвори со намера да ги замени претходните воени академии кои беа затворени со издаден декрет по неуспешниот пуч.

Турската полиција не излезе со коментари, а вработените од универзитетот и обвинителите беа недостапни за коментар.

Анкара го обвини Фетула Ѓулен за обидот за пуч на 15 јули 2016. Гулен, кој живее во Пенсилванија од 1999, негираше дека има каква било врска со нападот во кој загинаа преку 240 лица.

Според Обединетите нации, отогаш Турција уапсила 160 000 лица и отпуштила уште толку државни службеници. Од нив, 50 000 имаат формално обвинение и се во затвор додека траат судењата.

Спонзорирано: