Да знаеше што го чека, крадецот од оваа снимка сигурно не би се обидел да и` пријде на својата жртва, а не пак да и` ја украде чантата.
Имено, мажот чие лице не се гледа поради кацигата „невино“ се возел со мотор покрај жена која која пешачела, за во следниот момент да и` ја украде чантата од нејзините раце.
Но, после почетниот шок кој не траел подолго од неколку секунди, жртвата брзо се снашла – си заминала со моторот кој крадецот го оставил.
Кога овој сфатил што се случува, се обидел да ја запре, но – предоцна. Снаодливата жена размислуваше побрзо од него.
Спонзорирано: