16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Поплави и одрони во северозападниот дел на Босна и Херцеговина

Неколку реки се излеаја во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, а одроните и поројните поплави го отежнаа сообраќајот на неколку патишта, соопшти Цивилната заштита на Федерацијата на Босна и Херцеговина.

Најлоша е состојбата во Кулен Вакуф и Сански Мост, каде што водата навлегла во станбените згради, а во другите области претежно се поплавени патишта и земјоделски површини, соопштија претставници на Цивилната заштита на Федерацијата на Босна и Херцеговина. Дополнително, на загриженоста се и најавите дека дождот ќе продолжи да паѓа во текот на оваа недела. Водостоите на сите реки се зголемуваат на речиси сите мерни места.

Сојузниот хидрометеоролошки институт на Федерацијата на Босна и Херцеговина предупреди дека е во сила портокалов метео-аларм поради очекуваните силни врнежи од дожд и ветер во областа на Херцеговина.

Спонзорирано: