5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пјонгјанг предвидува колапс на Јапонија во случај на воен сојуз со НАТО

Намерата на Токио наводно да ги искористи САД и НАТО за да ги стави под контрола соседните држави и да ја милитаризира земјата користејќи ја ситуацијата во Украина и регионот е само изговор, вели Ким Сол-хва, истражувач во Институтот за јапонски работи при севернокорејското Министерство за надворешни работи, пренесува КЦНА.

„Зајакнувањето на воената соработка на Јапонија со НАТО и желбата за милитаризација само ќе ги влоши ситуацијата и нестабилноста во регионот и во самата земја, а сè ќе заврши со колапс на Јапонија“, изјави Ким Сол-хва.

Јапонија е пред отворање канцеларија за врски со НАТО и редовно присуствува на сите состаноци на алијансата, што укажува дека обидите на НАТО да се пробие во азиско-пацифичкиот регион преку т.н. соработка со Токио стигнале до опасно ниво, предупредува тој.

„Токио на овој начин се обидува да се ослободи од ограничувањата од ‘мировниот устав’, чиј деветти член подразбира отфрлање на војната и поседувањето вооружени сили. Јапонија во секоја пригода повторува дека ‘денешната Украина е утрешна источна Азија’, како и дека ситуацијата што денес е можна на Тајван, утре може да биде можна во Јапонија“, вели Ким Сол-хва.

Овие изјави, според него, произлегуваат од подлите намери на Токио да ја оправда воената интервенција на НАТО во регионот, предупредувајќи дека на тој начин ќе се предизвика нестабилност и неповратна изолација за јапонскиот архипелаг.

„На Јапонија мора да ѝ биде јасно дека таквите договори со надворешни сили и планот земјата повторно да се претвори во воена сила ќе доведе но неизбежен колапс на земјата“, уверува Ким Сол-хва.

За потсетување, јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јол претходно изјави дека постои можност за идно учество на Јапонија во вашингтонската декларација и во спогодбите Сеул – Вашингтон за продолжено скротување бидејќи Јапонија и САД секогаш може да почнат да соработуваат по ова прашање, ако е потребно.

Спонзорирано: