Украинските сили минатата недела успеаја да ги потиснат Русите на речиси 2 километра во близина на источниот град Бахмут, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.
„Непријателот не успеа да ги реализира своите планови. Тие претрпеа големи загуби, а нашите бранители напредуваа 2 километра во правец на Бахмут“, објави заменик министерката за одбрана во објавата на Телеграм.
И покрај огромните загуби, Русите не успеаја да го освојат Бахмут
Бахмут е град во источна Украина, кој руската војска и платениците од „Вагнер“ со месеци се обидуваат да го освојат. Градот, кој имаше предвоено население од речиси 70.000 луѓе, е целосно уништен, но и покрај огромните ресурси што Русија ги потроши за освојување на Бахмут, таа сè уште не го контролира целосно.
Си-ен-ен претходно објави за украинските контранапади во Бахмут и за напредувањето на крилата на главните руски сили. Во текот на ноќта, руското Министерство за одбрана ги демантира извештаите на воените блогери за пробивање на одбранбените линии на руските сили северно и јужно од Бахмут.