24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Вучиќ ги посети единиците на српската војска, синоќа група луѓе го блокираа преминот Мердара

Денеска е 19-ти ден од барикадите на северот на Косово. Група од околу 50 лица синоќа го блокираа преминот Мердара од правец на Куршумлиек Подуево во знак на поддршка за Србите.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа ги посети единиците на Војската на Србија меѓу Раљево и Рашка, за што објави на Инстаграм.

– Полноќна прошетка со началникот на ГШ Милан Мојсиловиќ во нашиот гарнизон во Рашка. Голема благодарност до сите војници, полицајци и припадници на БИА за нивната храброст и посветеност во зачувувањето на виталните интереси на нашата земја и опстанокот на српскиот народ на Косово – напиша Вучиќ.

Србите од северот на Косово велат дека ќе останат на барикадите додека Приштина не ги ослободи Дејан Пантиќ, Миљан Аџиќ и Слаѓан Трајковиќ и кога специјалните полициски сили не се повлечат од север.

Спонзорирано: