Во вчерашниот земјотрес во Мексико загинало едно лице, покажуваат првичните податоци. Локалните сеизмолози јавуваат дека неговата магнитуда била 7,7 степени според Рихтеровата скала. Во земјотресот оштетени се згради, нема струја, а многу жители на Мексико Сити привремено ги напуштија своите домови заради безбедност.
Епицентарот на земјотресот бил на брегот на Тихиот Океан, а во тек е потрага по преживеани под урнатините.
Според извештаите на локалните медиуми, неколку станбени згради биле оштетени по земјотресот, кој се случил вчера во 13 часот и 5 минути по локално време, а сеизмички аларм бил вклучен во главниот град на Мексико точно на годишнината од двата претходни разорни земјотреси.
Breaking: Video shows the moment an earthquake was felt in Mexico City. The preliminary magnitude 7.6 earthquake struck off the coast of Michoacán. pic.twitter.com/JKaYajjMO1
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) September 19, 2022
Едно лице загина во пристаништето Манзанило во Тихиот Океан кога врз него се урнал покривот на стоковна куќа, соопштија мексиканските власти.
Властите, исто така, пријавија штета на неколку болници во западната држава Мичоакан во близина на епицентарот, кој беше во ретко населен дел на Мексико. Едно лице е повредено од паѓање стакло во една од болниците, соопшти Владата.
Снемало струја во некои делови од градот во Мексико Сити, на околу 400 километри од епицентарот. Националното претпријатие за електрична енергија објави дека прекините во снабдувањето погодиле 1,2 милиони корисници.
Во соопштението на Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS), потврдено е дека епицентарот на земјотресот бил на 37 километри југоисточно од Аквила во близина на границата со државите Колима и Мичоакан и на длабочина од 15,1 километар.
Земјотресот се случи неколку минути откако се огласија предупредувачките сирени, а помалку од еден час по симулирањето на алармот за земјотрес, на годишнината од двата разорни земјотреси што се случија пред пет и 37 години на ист ден, на 19 септември.
Илјадници луѓе загинаа во земјотресот на 19 септември 1985 година, а повеќе од 350 загинаа во земјотресот на 19 септември 2017 година.