Во престрелката што се случи денеска околу 16 часот во населбата Медовина во Цетиње, во близина на зградата на Владата, загинаа повеќе лица, а шестмина се повредени.
Според информациите до кои дојде Курир, оваа страшна трагедија се случила поради нерасчистени долгови.
Вучко Бориловиќ (34), наводно убил повеќемина.
-Сè уште сме во шок, не ми се верува што направи. Слушнав дека долг е причина за овој грозоморен масакр. Не бил во добри односи со соседите, ги убил, рекол извор.
Бориловиќ е роден на 21 ноември 1988 година во Цетиње, каде што завршил основно училиште. Посетувал средно училиште за бродска механика во Белград.
Спонзорирано: