11.8 C
Скопје
26. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонија

Тренчевска: За проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот за граѓаните во Тетово, на 20 август гласајте за број 1!

Изјава за медиуми, Јована Тренчевска, координаторка на Форум на жени на СДСМ

Почитувани,

Попладнево сум во посета на општина Тетово и разговаравме со неколку здруженија на лица со попреченост како и со здружението на пензионерите. Тука сме да разговараме за секојдневни проблеми којшто ги мачат и пензионерите и лицата со попреченост меѓутоа и родителите на лицата со попреченост.

Да видиме што е она што фали и во делот на политиките но и во делот на услугите коишто ги креира Владата и Министерството за труд и социјална политика но и останатите министерства.

Разговаравме со Сојузот на глуви и наглуви, со Сојузот на слепи лица. Политиките кои ги креира Министерството за труд и социјална политика но и услугите кои што им се нудат на лицата со попреченост од страна на претставниците со кои што разговаравме навистина беа отценети како права и услуги кои што се добри и го подобруваат животот на лицата со попреченост. Имаат неколку барања кои што секако ќе бидат имплементирани во политиките кои што ќе ги креираме во иднина.
Дел од нивните барања ќе го најдат своето место во нашите идни програмски активности.

Она што е важно да се каже во пресрет на изборите овде во Тетово на 20 август, изборите за Совет на општина Тетово е еден апел до сите граѓани.
СДСМ преку централните политики навистина го подобрува животот на граѓаните во државата вклучително и на граѓаните во општина Тетово.

Советниците до неодамна беа дел од власта во Тетово и покажаа дека имаат разбирање, волја и чуство за проблемите на граѓаните во Тетово.

Доколку ни се даде довербата на овие избори ќе продолжиме повторно со грижа за граѓаните, за секојдневните проблеми без разлика дали се проблеми за социјално ранливите категории на граѓани, дали се проблеми за најмладите преку детските градинки, дали се проблеми за пензионерите и за останатите граѓани на општина Тетово.

Затоа ги повикувам граѓаните да дадат поддршка за број 1, односно за листата на советници на СДСМ и коалицијата на изборите на 20 август и да изберат вистински пат за општина Тетово, а тоа е патот за европско Тетово.